недела, 25. јули 2021. Вести денес: 0
home Вести

Јакимовски за уставобранителите: Треба да има преквалификација на делото и ново судење

Јакимовски за уставобранителите: Треба да има преквалификација на делото и ново судење

Знаете ли вие колку имаат кажано убиј го Стевче, затвори го. Ама не го направил тоа. Па што ако рекол, тоа ли треба да биде причината за вакви казни, праша Стевчо Јакимовски, претседател на ГРОМ во вечерашното интервју во емисијата Само вистина на Канал 5, говорејќи за настаните и казните за уставобранителите од 27ми април.

Има уште една работа да ја расчистиме. Што прават терористите? Терористите или подметнуваат бомби или прават атентати или киднапираат луѓе со цел да обезбедат средства или да ослободат свои другари од затвор, итн, значи уценуваат. Власта дали уапси пратеници и потоа ги уценуваше ли тие пратеници? Па кој е овде терорист? Кој направи класични терористички работи во Република Македонија, праша Јакимовски.

Јакимовски истакна дека пратеник од СДСМ во истата емисија кажал дека законот за амнестија бил донесен се со цел да се амнестираат пратениците за да гласат за промена на уставното име.

Овде пратеник од СДСМ кажа дека ние се договоривме и донесовме закон за и тие луѓе да ги амнестираме за да гласаат за промена на уставното име, вели тој.

Јакимовски додаде дека квалификацијата на предметот за 27ми април за тероризам не држи и дека доколку има виновни треба да одговараат, но не со олку големи казни од 15 и 16 години како сега.

Дел се виновни и треба да лежат во затвор, но далеку од овие 15, 16 години затвор. Квалификацијата не држи. Јас сум за ново судење и за преквалификација на делото и секој да ја добие заслужената казна, но ништо повеќе од тоа. секој мора да одговара чесно и поштено, рече Јакимовски.

Коронавирус