четврток, 13. август 2020. Вести денес: 119
home Вести

Јакимовски: Убиствата на Младенов, Нешковски, Смилковско беа големо сценарио на Заев за добивање гласови, граѓаните беа излажани, а вистината не ја дознаа

Јакимовски: Убиствата на Младенов, Нешковски, Смилковско беа големо сценарио на Заев за добивање гласови, граѓаните беа излажани, а вистината не ја дознаа

Зошто и ден денеска не се расчистуваат убиството на Никола Младенов и на Мартин Нешковски, убиството кај Смилковското езеро, Диво Насеље, и други судски предмети, објасни претседателот на ГРОМ, Стевче Јакимовски во емисијата “Заспиј ако можеш” на Алфа телевизија.

Тој вели дека народот не ја дозна вистината, затоа што сето тоа било едно големо сценарио, една голема лага, само за Заев да ја претстави власта како монструозна и брутална за да ги добие гласовите од граѓаните и потоа да и направи на Македонија сето она што и го направи. Продавање на идентитет, име, економски колапс и што уште не.

-Тоа беше сценарио. Тоа беше за да се создаде една грозоморна слика за актуелната власт. Работата беше “ќе видите што ќе дознаете ако гласате за СДСМ”. И народот тука трзнаа на тоа. Дај да гласаме и да видиме што власта направила. Дали навистина биле монструми. Тоа беше дел од сценарио да се претстави власта како монструмска, да иде до таму да убива новинар, да убива пет невини деца на Велики Четврток, јас не знам дали во светот постои таква власт да убива свои деца. Тоа беше сценарио да се покаже влста дека е брутална, криминална, недемократска и така натаму. Значи сето тоа беше за “дајте поддршка и ќе видите што ќе дознаете”. И ајде да видиме сега што дознавме? Ништо. Народот класично беше излажан, рече Јакимовски.

Коронавирус