понеделник, 10. декември 2018. Вести денес: 130
home Вести

Јакимовски со реакција до Богоев: Само улиците кои што сум ги направил нема да можете да ги исфарбате (ВИДЕО)

Јакимовски со реакција до Богоев: Само улиците кои што сум ги направил нема да можете да ги исфарбате (ВИДЕО)

Ненаменско трошење на пари од кредит во висина од 2,6 милиони евра и трансфери на средства до спортски клубови, здруженија на граѓани, поединци или правни лица за кои нема финансиски извештаи како биле трошени во времето на времето на владеењето на Стевче Јакимовски со Општина Карпош – утврдил Државниот ревизор при контрола на финансиското работење на Општина Карпош, реферираше денеска пред новинарите градоначалникот Стефан Богоев.

-Навистина е чудно како градоначалникот на општина Карпош кој постојано игра Сони Плејстејшн со неговите другари, се фатил малку и да работи, а тоа е да направи анализа на ревизорскиот извештај за работењето на општина Карпош. Тоа јасно укажува дека се безидејни, дека не знаат што да прават, дека немаат проекти и понатаму не можат да се изначудат она што е направено во општина Карпош, како е тоа направено и дека за нив тоа е недостижна висина, рече Јакимовски за Инфомакс.

Во наредните 20 години да биде градоначалник, нема да може да го направи она што јас го направив, вели Јакимовски, додавајќи дека оваа администрација нема да може да ги офарба улиците кои тој ги направил во изминатиот мандат.