понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 62
home Вести

Јакимовски: Со оваа влада може само да ни се случи грчко сценарио, Македонија е пред банкрот

Јакимовски: Со оваа влада може само да ни се случи грчко сценарио, Македонија е пред банкрот

„Заев мисли дека премиерското место е негово, и гледајте како се бори со раце и нозе. Цела Влада даде, знаете што значи да го дадете министерство за финансии? Па цела Влада ви е министерство за финансии. А, тој истиот даде и име и идентитет, и дијаспора“, нагласи Стевче Јакимовски, претседател на Гром во емисијата „Само Вистина“.

Јакимовски додаде дека Заев ја навредува интелигенцијата на македонските граѓани.

„Ако го немате министерството за финансии, немате ништо. Премиерот не ја води владата, министерот за финансии ја води. За било која ваша политика, вам ви требаат пари. Ако министерот за финансии вели дека нема пари, тогаш вашата политика не може да помине“, нагласи Јакимовски.

Јакимовски потсети дека владата предводена од Заев премногу ја задолжи државата, дури и се очекува и грчкото сценарио да случи и во Македонија.

„Оваа држава ќе стане презадолжена, оваа држава ќе стане како Грчка“, посочи Јакимовски.

Коронавирус