четврток, 9. јули 2020. Вести денес: 181
МЕГА БОМБА

Еве ја целата листа: Речиси цело семејство Заеви, министри, градоначалници и функционери на СДСМ добија кривични од Боки 13

Во живо

Мицкоски ја промовира програмата на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром

home Вести

Јакимовски: Смешно е сега да се префрла целата одговорност на Наќе Чулев за пандемијата во државата

Јакимовски: Смешно е сега да се префрла целата одговорност на Наќе Чулев за пандемијата во државата

Стевче Јакимовски во своето гостување во емисијата „Само Вистина“ зборуваше за пандемијата во државата каде посочи дека смешно е тоа што сега целата одговорност да се префрла на Наќе Чулев е затоа што мерките беа попуштени од страна на Владата и Комисијата за заразни болести.

-Главниот проблем сега е Наќе Чулев, не овие што ја промашија цела стратегија. Како додека се фалеа дека успешно се справуваме со корона вирусот, кога Филипче беше херој, Наќе Чулев тогаш немаше проблем. Сега кога ги создадоа проблемите, кога ги отпуштија мерките, Наќе Чулев ги отпушти мерките или Владата ја донесе таа одлука? Наќе Чулев излезе да каже дека ги знаат кластерите, дека ова не е проблем, дека ние сме се справиле или Караџовски излезе? Се било токму во владата ама проблем бил Наќе Чулев? Навистина е смешно на таа страна да се префрла одговорноста, посочи Јакимовски.

Најнови вести

Парламентарни избори 2020