сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 79
home Вести

Јакимовски: СДСМ оди на избори во Штип по цена на здравјето на граѓаните, а по изборите ќе воведат карантин

Јакимовски: СДСМ оди на избори во Штип по цена на здравјето на граѓаните, а по изборите ќе воведат карантин

Кризната состојба со короната пролетта владеачката гарнитура ја искористи да оди на терен и да поткупува. Истото е случува и сега, воведоа кризна состојба, а не прават ништо за справување со кризата. Гледате колу лица имаме починати, повеќе од 1.600, а проценкте беа ека ќе има заболени околу 2.000, а само сега има повеќе од 20 илјади активни случаи. Колку погрешни оценки на власта и на одговорните, рече лидрот на ГРОМ Стевче Јакимовски на гостувањето на телевизија Канал 5 во емисијата „Само интервју“.

-Владата наместо во кризна состојба да носи мерки, таа ја користи за поткуп на терен и ја поттиснува целосно опозицијата. Зошто да учествуваме на пример на избори на кои ќе се избира градоначалник за помалку од година дена. Какви се тие избори во Штип во ваква ситуација на толку починати лица од корона, кажа Јакимовски.

Според него мерките за справување со корона ситуацијата се лабави токму затоа што ќе има избори во Штип за градоначалник.

-Гледаме колки жртви има, а колку се лабави мерките. Мислам дека владата по изборите во Штип ќе воведе карантин, сега оставаат да умираат луѓе и не се интересираат за здравјето на граѓаните само за да одат на избори, да поткупуваат на терен за да имаат градоначалник за одум – девет месеци, рече Јакимовски.

Коронавирус