сабота, 11. јули 2020. Вести денес: 129
МЕГА БОМБА

Заев договора да паднат судски предмети, „позадински комбинациите се правени со Катица, Оливер, со Радмила“

home Вести

Јакимовски: Република Македонија се наоѓа во тотален хаос во справување со пандемијата

Јакимовски: Република Македонија се наоѓа во тотален хаос во справување со пандемијата

Стевчо Јакимовски, во своето гостување во емисијата „Само Вистина“ зборуваше за пандемијата во земјата каде посочи дека Република Македонија се наоѓа во тотален хаос во врска со справување на оваа пандемија и се претпоставува дека властите ги кријат реалните бројки на новозаразени.

-Остро предупредивме кога се тргнаа мерките дека ова нема да биде така едноставно и дури предвидовме дека за 15 -20 дена очекуваме дека ќе има зголемен број на заразени од Ковид 19, но со претпоставка дека ќе ги кријат бројките на новозаразени. Сега се случува нешто друго, очигледно дека се наоѓаме во страшен хаос за жал од здравствено прашање Ковид 19 сериозно веќе се претвара со политичко прашање за кои и политиката ги спротиставува своите мислења. Претседателот на Комисијата за здравство направи сериозен гаф, практично два човека во Македонија кажаа дека со ковидот во Македонија е завршено, едниот кажа дека е завршено, другиот дека е при крај. Тоа се реисот и господинот Караџовски. Караџовски треба да збори врз основа на научна вистина и нели ги знаеја кои се кластерите, нели знаеја точно кои се луѓето, кои се семејствата и дејка нема никаква опасност и сега влегуваме во еден нов хаус, во една разорна моќ која што ја зима овој Ковид 19, истакна Јакимовски во своето гостување.

Тој порача дека владата требала да инсистира многу повеќе на почитување на мерките, како и на носење на ракавици и маски.

Парламентарни избори 2020