среда, 23. јуни 2021. Вести денес: 65
home Вести

Јакимовски: Попис не може да се тера на сила, зошто брзање да биде на први април годинава

Јакимовски: Попис не може да се тера на сила, зошто брзање да биде на први април годинава

Опозицијата на парламентарните избори доби само двајца пратеници помалку и не може да не се слуша за вака важнаоперација како пописот. Зошто толку се брза со попис да се одржи на први април, ние немавме попис 19 години, што е сега толку важно да бидат сега може на 10 октомври, може следниот април, рече лидерот на ГРОМ, Стевче Јакимовски на гостувањето на телевизија канал 5 во емисијата Само вистина.

Според него за пописот мора да има консензус за да биде релевантен.

-Тоа се важни податоци по кои се креираат политики во многу области. И за тоа каков попис треба требаше да се разговара пред шест месеци и да има договор, а не вака да тера власта. Не може попис да се тера на сила, рече Јакимовски.

Јакимовски рече дека точно мора да се направи пресек кои граѓани се во земјава, а кои се државјани и не живеат тука.

-Има многу студенти, се студира надвор и тие може да се вратат, а треба да се прави разлика и кој е надвор и таму е етаблиран, надвор има живот и тие се само државјани, рече Јакимовски.

Тој потсети дека мора да се знае кои се жители тука затоа што во Македонија секој може да стане пратеник, функционер.

-Токму затоа мора да знаеме кој е жител на Македонија, а кој е само државјанин, рече Јакимовски.

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија