вторник, 15. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Јакимовски: Општините почнаа да пумпаат пари во одредени медиумите за да им се покријат промашувањата

Јакимовски: Општините почнаа да пумпаат пари во одредени медиумите за да им се покријат промашувањата

Има предност власта пред локалните избори, ама и голем хендикеп поради нереалзирани проекти, лаги, граѓаните се разочарани. Од друга страна власта купува, поткупува, рече Стевче Јакимовски, претседател на ГРОМ на гостувањето на телевизија Алфа во емисијата „Заспиј ако можеш“.

-Власта не размислува за реални проблеми, туку размислуваат како да ги надмудрат граѓаните само за да останат на власт. Но, после сето ова нема шанса да победат. Еве што направија во Скопје. Немањето идеи резултира со глупости. Најавуваа парк покрај Илинденска и тоа од 2017 година и нема еден единствен парк, рече Јакимовски.

Јакимовски се осврна тоа што градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев платил 50 илјади евра на весникот Слободен печат за објавување информации.

-3 милиони денари платени за огласи, а ако се има во предвид дека цела страна во Слободен печат е 3.200 денари тоа значи околу 2.000 објави треба да има општината, а вработувања нема, тендери нема, а и не мора да ги објавува тендерите може на сајт да ги објави. Како работи сега општината во стил на полжав јасно е дека се пумпаат пари во одредени медиуми за претојните избори за да се покријат промашувањата на власта, рече Јакимовски.

ЕУРО 2020

Македонија