четврток, 23. септември 2021. Вести денес: 7
home Вести

Јакимовски: ЈО не постапува во однос на изборните нерегуларности на референдумот

Јакимовски: ЈО не постапува во однос на изборните нерегуларности на референдумот

Претседателот на ГРОМ Стевчо Јакимовски во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, обвинува дека Јавното обвинителство не реагира за изборни нерегуларности, како и на недејствување на институциите исто како и на минатите локални избори.

Јакимовски посочи дека институциите имаат обврска да постапуваат во однос на изборните нерегуларности во однос на референдумот два дена по истиот.

Тој објаснува дека се вршени притисоци врз припадници на неговата партија кои се вработени во јавната администрација.

– Се упатуваа закони до вработените во јавната администрација дека ќе се донесе нов закон за администрација и дека со тоа ќе можела власта да прави што сака. Дека ќе се прераспоредувале во јавните претпријатија, а потоа во завод за вработување доколку не излезат на референдум, објаснува Јакимовски.

Јакимовски вели дека молкот од Јавното обвинителство за полнењето на кутии говори за состојбата во Република Македонија и го потврдува ставот на ГРОМ за неучество во референдумот.

– Главна причина поради која опозицијата и не излезе на референдум е поради стравот од полнење на кутии што се испостави како точно, вели Јакимовски.

Тој ги спомена случаите од минатите избори за случаите во кои ливчиња од ено место беа забележани на други избирачки места и покрај пријавите до Јавното обвинителство, од таму нема никаква реакција.

Коронавирус