понеделник, 19. април 2021. Вести денес: 176
home Вести

Јакимовски: Главните виновници за 27-ми април денес се сместени во Владата и Собранието

-Оваа 2017-та година ќе ја одбележи и еден страшен изборен инжинериг кој се случи на локалните избори за прв пат во слободна, самостојна и независна Република Македонија. Дури и кога сме биле неуки за повеќе партиски систем, не ни се случило ливче од една општина да има во друга општина, конкретно за мојата општина. Две во Охрид и едно во Македонски брод е најдено. Тоа значи дека постоел бугарски воз, кажа Јакимовски.
Јакимовски: Главните виновници за 27-ми април денес се сместени во Владата и Собранието

Оваа година видовме дека се наруши принципот “победник со победник“, кој што тие ментори сега и се ментори на оваа влада инсистираа во 2008 година да се воспостави принцип победник со победник. Значи во оваа 2017-та година победникот со победникот не прави коалиција, туку губитник со победник од друга етничка заедница. Видовме дека беше загрозен уставниот поредок на Република Македонија, истакна Стевчо Јакимовски претседател на ГРОМ во гостувањето на телевизија НОВА.

Тој додаде дека луѓето кои што протестирале „За заедничка Македонија“ всушност си го бранеле уставниот поредок, суверенитетот и интегритетот на македонскиот граѓанин.

Јакимовски посочи дека лицата кои се приведени поради 27-ми април не се виновни, туку правите виновници се на слобода, а денес всушност се наоѓаат во Влада и во Парламент.

Според него, оние што го предизвика тој настан денеска се министри, премиери, претседатели на собрание.

-Оваа 2017-та година ќе ја одбележи и еден страшен изборен инжинериг кој се случи на локалните избори за прв пат во слободна, самостојна и независна Република Македонија. Дури и кога сме биле неуки за повеќе партиски систем, не ни се случило ливче од една општина да има во друга општина, конкретно за мојата општина. Две во Охрид и едно во Македонски брод е најдено. Тоа значи дека постоел бугарски воз, кажа Јакимовски.

Јакимовски констатираше дека тој за време на изборната кампања одржал неколку прес-конференции каде што известил дека во некои населени места од страна на СДСМ се врши масовен поткуп на гласачи од социјално загрозени семејства, но дека за жал немало никаква реакција од страна на Министерството за внатрешни работи.

Коронавирус