понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 68
home Вести

Јакимовски: Доколку нема графа за „националност“ јас ќе го бојкотирам пописот, фингиран попис значи искривена слика

Јакимовски: Доколку нема графа за „националност“ јас ќе го бојкотирам пописот, фингиран попис значи искривена слика

Стевче Јакимовски лидерот на ГРОМ вечерва во Алфа телевизија истакна дека доколку нема графа за националност во спроведувањето на пописот, тој лично ќе го бојкотирал, како и тоа дека фингираниот попис значи искривена слика за иден развој на државата.

-Ако нема графа за националност јас лично ќе го бојкотирам тој попис, затоа треба да се седне и да се разговара затоа што предлозите на опозицијата не се небулозни, треба да се направат услови за попис кои се најдобро можни за да имаме најдобро можни резултати и стратегија за демографијата, за економскиот развој и ќе имаме сосема јасна слика, но ако е тој фингиран ќе имаме искривена слика, истакна Јакимовски.

Јакимовски вели дека проблеми има но тие можат да се решат со постоечкиот закон или со законски измени, како оние кои се жители долги години да можат да се стекнат со државјанство, но овие работи не се прават пред попис и тоа ако некој дошол во Македонија пред три години со тројца сведоци, со вакви институции какви што имаме ние злоупотребите ќе бидат страшни.

Најнови вести

Коронавирус