понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Јакимовски: Доколку не се говори за промена на името со што ќе се пофали владата на СДСМ?

Јакимовски: Доколку не се говори за промена на името со што ќе се пофали владата на СДСМ?

Претседателот на ГРОМ, Стевче Јакимовски во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5, жестоко ја критикуваше владата на СДСМ за политиките кои ги води на секое поле. Тој истакна дека во претпоставена ситуација кога би се ставил мораториум и би се забранило во јавноста медиумите да се говори за промена на името, ниту би имало за што да се говори во јавноста, ниту би имала владата на СДСМ со што да се пофали.

Според Јакимовски, Заев треба да се откаже од ,,туризмот’’ и да се врати на решавање на проблемите на граѓаните. Тој вели:

-Ако на медиумите ставиме мораториум, бидејќи оваа влада научи да прави мораториуми, ако направиме мораториум 30 дена да не се говори за името. Кажете ми информативните гласила вклучувајќи ги и весниците и дневниците кои ги прави вашата телевизија што ќе кажат за работата на владата на Република Македонија? Ние секојдневно името,името, името…и ништо друго. Ние гледаме дека нема помрднување во економијата. Внимавајте Република Македонија со оваа влада беше четири месеца без министер за здравство, а луѓе умираат, рече Јакимовски.

Според него Заев треба да се откаже од овој туризам што веќе го има и тоа треба да му го остави на министерот за надворешни работи.

-Треба да се сврти повеќе кон внатре. Имам чувство како да, Македонија или владата ни е како некое буре избушено од сите страни. Дури не се обидува никој да затне некоја дупка. Туку некако како да тече од сите можни страни, во делот на економијата, здравството, социјалата. Во кој сакате дел ние немаме никакво поместување, гледате што ни се случува. Значи имаме нула раст на БДП. Се направија неколку катастрофални грешки со тоа што се запре ниско градбата од суета до денеска граѓаните на РМ и сите оние кои што патува кон Грција ќе возеа по новиот автопат. Само поради нечии хирови ние и натаму ќе возиме по кривините. Ја запреа изградбата на автопатиштата. Ја запреа високо градбата. Не беше некој будала што токму во период на светска економска криза направи големи јавни работи. Тоа се познати модели за да економијата се извлече и да се подигне. Македонија и во услови на светска економска криза имаше раст од три, три ипол, четри запирка два проценти раст на БДП. А сега кога е се поминато ние имаме нула раст на БДП, објаснува Јакимовски.

Претседателот на ГРОМ партија која е коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ, јавно ја повика владата да се фокусира на домашните проблеми на граѓаните и подобрување на сите влошени општествени аспекти во државата.

Коронавирус