понеделник, 10. август 2020. Вести денес: 157
home Вести

Јакимовски: Да кажете дека сам ја финансирате СДСМ, богами, бајаги дебел во вратот треба да бидете

Јакимовски: Да кажете дека сам ја финансирате СДСМ, богами, бајаги дебел во вратот треба да бидете

Во најновата аудио бомба се спомнуваат 8.5 милиони евра, а во имотните анкетни листови на Зоран Заев се спомнуваат станови, заштеди, возила и ниви. Кога ќе се собере се, тоа е далеку од 8.5 милиони евра, рече претседателот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски во емисијата “Заспиј ако можеш” на Алфа телевизија.

Заев јавно во медиумите кажуваше дека неговиот имот заедно со сопругата изнесува некаде околу 120-130 илјади евра.

-Знаете што значи да кажете јас ја финансирам партијата, јас лично? Знаете ли што е СДСМ и колку се тоа трошоци на месечно или годишно ниво? Изборни трошоци. Дали знаете дека еден митинг на СДСМ чини 300 илјади евра. Тоа е за еден митинг. А замислете во кампања кога треба да направите од прв до последен митинг. Тоа е само за кампањи, а што е онаа зграда на Бихаќка. Таа треба да се лади да се грее. СДСМ има вработени по општинските организации. И да кажете дека тоа вие го финансирате, богами бајаги дебел во вратот треба да бидете, рече претседателот на ГРОМ.

Коронавирус