четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 163
home Вести

Јакимовски: Ако сега се тестираат асимптоматски граѓани, зошто имаме зголемен број на починати??

Јакимовски: Ако сега се тестираат асимптоматски граѓани, зошто имаме зголемен број на починати??

Нели викаме да не се правиме сите здравствени стручњаци. Арно ама го гледам министерот Дамјан Манчевски на 24 Вести станал експерт за коронавирус. Си викам: можеби тој повеќе знае од нас! Што би рекле некои, тој е „ИН“ а јас сум „АУТ“. Според неговото инкажување, главна причина што има зголемен број на заболени од Ковид-19 е зголемениот број на тестирања. Не само зголемен број на тестирања туку внимавјте добро: „сега ги тестирале и асимптоматските“.

Ова го истакнува лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски.

„Е сега, за моето аутзнаење се наметнуваат две прашања:

Прво, ако сега се тестираат асимптоматски граѓани зошто сега имаме зголемен број на мртви во однос на претходниот период.

Второ, денеска сме тестирале 971 лице а од нив се заболени 175 лица. Србија која е четири пати поголема од Македонија, денес тестирала 4965 граѓани од кои 71 лице се позитивни на Ковид-19.

Компарацијата е многу добар метод за разбивање на „лажните вести“ инаку СДСМ многу се бори против лажните вести.
Дамјанче е сеуште млад и затоа постар Чичо ќе му каже: Во Србија 1,4% од тестираните се заразени од коронавирусот а во Македонија скоро 18%.

Жал ми е што се вакви бројките, не им се ситиме ама кога извртуваат тези ќе ги удриме ни горе ни доле, ни лево ни десно туку право во центар – со компаративна анализа.

Не се компарираме со Германија туку со Србија„ -пишува тој на својот Фејсбук профил.

Коронавирус