петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 153
home Вести

„Ја критикував владата на СДСМ кога ја договори референцата ФИРОМ, го критикувам сега и Заев кога го смени името“- Силјановска го матираше Пендаровски

„Ја критикував владата на СДСМ кога ја договори референцата ФИРОМ, го критикувам сега и Заев кога го смени името“- Силјановска го матираше Пендаровски

На телевизиската претседателска дебата професорката Сиљановска на прашање на противкандидатот на СДСМ Стево Пендаровски во врска со нејзино прифаќање на привремената референца како тогашен министер одговори дека таа била против.

-Сум била против, сум критикувала на седниците на владата има сценограми, за ексклузивно водење на политиката во рамките на неколкумина, претседателот Киро Глигоров и министерот за надворешни работи Денко Малевски. Многупати сме велеле дека е нетранспарентна постапката, дека треба сериозно да се размислува, имаше дури и дилеми меѓу Либералната партија и Социјалдемократскиот сојуз. Но тогаш одговорот беше дека само внатре во Обединетите нации може нешто да се стори. Можеби и тоа беше една од работите за која јас по истекот на мандатот реков дека нема да се бавам повеќе со политика, туку само ќе ја анализирам и ќе ја критикувам, изјави професорката Гордана Силјановска Давкова.

Таа истакна дека секогаш била критички настроена, и во тогашната влада на СДСМ и сега го критикувала Заев за името, затоа што вели секогаш ги изнесува своите ставови и тоа е нешто кое што во било кое време може да се провери.

Најнови вести

Коронавирус