петок, 14. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

Ја фрлаат зелката поради нејзината цена: Земјоделците од струмичко имаат големи маки, а власта остана глува (СВЕДОШТВО)

Ја фрлаат зелката поради нејзината цена: Земјоделците од струмичко имаат големи маки, а власта остана глува (СВЕДОШТВО)

Земјоделците од струмичко поминуваат низ голгота. Власта остана глува на нивните барања, па она на што работат цела година, наместо да го продадат и да заработат, принудени се да го фрлат.

Овој земјоделец вели дека за нив е најважно да се дефинира цената на зелката. Барале средба со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски од СДСМ, но тој ниту ги контактирал, ниту ги посетил.

Им било ветено дека килограм зелка ќе се откупува за 17-20 денари, а моменталната цена е само 8 денари. Чекајќи ја исплатата дури и за толку ниска цена, овие земјоделци остануваат без пари.

Огромни количини на зелка фрлија како знак на револт и аларм до институциите, дека нешто мора да превземат за да им помогнат.

Сведоштвото на земјоделец од струмичко, погледнете го во видеото во продолжение:

Коронавирус