среда, 30. септември 2020. Вести денес: 161
home Вести

Извршителите денеска излегуваат на протест

Извршителите денеска излегуваат на протест

Извршители денеска излегуваат на протест против Владата која предизборно се подготвува да им ги укине скапите награди.

Протестот е официјално најавен и преку истиот извршителите сакаат да го изразат незадоволството од новиот тарифник кој го подготвува Министерството за правда.

-Доколку Министерството за правда пристапи кон измена на Тарифата како што е предложено, без позитивно мислење од Собранието на Комората на извршители, извршителите трајно ќе прекинат со работа сметано од денот на објавата на изменетата Тарифа во Службен весник, се вели во официјалната одлука на Комората на извршители.

Она што е познато е дека тие на последното Собрание се одлучија за денес да ги затворат канцелариите во знак на револт што им се намалува максималната награда која можат да ја наплатат при извршување од 1 000 на 300 евра.

Коронавирус