петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Извори од ДУИ за Лајм: Наредна недела ќе биде објавен конкурс за 800 административци од кои 640 албанци

Извори од ДУИ за Лајм: Наредна недела ќе биде објавен конкурс за 800 административци од кои 640 албанци

После долга пауза, следната недела се очекува да биде објавен оглас за вработување на албанци во администрацијата, велат партиски извори од ДУИ. Конкурсот кој што се подготвува, предвидува вработување на вкупно 800 административци, од кои 640 ќе бидат Албанци, а 160 од други етнички заедници, велат извори од ДУИ за весникот „Лајм“.

Сега ни е полесно. Првиот вицепремиер е од редовите на ДУИ, Артан Груби, министерот за финансии е наш, Фатмир Бесими. Ќе има повеќе вакви конкурси за постигнување адекватната застапеност, најавуваат од ДУИ, објавувајќи ги овие долго очекувани информации од јавноста, особено од младите кои штотуку дипломирале.

Паралелно со подготовката на конкурсот, се подготвуваат законски измени за да се надмине аномалијата кога претставниците на една заедница се декларираат како членови на друга заедница, само за да бидат вработени.

Министерството за информатичко општество и администрација нема механизам за итно да ги блокира Македонците кои заземаат работни места наменети за Албанците заради правичната застапеност во државните институции. Од ова министерство за Алсат велат дека единствениот спас е во соодветните законски измени, постапка што би траела неколку месеци.

Министерство за информатичко општество и администрација:

„Работната група во нашиот ресор подготвува измени и дополнувања на Законот за државни службеници, кои според динамиката на работа се очекува да бидат готови до крајот на декември.“

Коронавирус