петок, 7. мај 2021. Вести денес: 85
home Вести

Извештајот на СЈО пред пратениците во среда

Извештајот на СЈО пред пратениците во среда

Во среда специјалната јавна обвинителка Катица Јанева ќе го презентира Годишниот извештај на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите за период од шест месеци (за периодот од 15.9.2017 до 15.3.2018) пред членовите на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

Денешната седница на Комисијата беше прекината, а продолжението закажано за среда.

Ова е втор извештај на СЈО што ќе го разгледуваат пратениците.

Освен извештајот на СЈО во среда ќе бидат разгледани и годишните извештаи на Народниот правобранител, на Дирекцијата за заштита на лични податоци, како и на Агенцијата за администрација.

Најнови вести

Коронавирус