понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 25
home Вести

Извештај: Воспитно-поправните домови несоодветни за младите, ресоцијализацијата неуспешна

Извештај: Воспитно-поправните домови несоодветни за младите, ресоцијализацијата неуспешна

Воспитно и казнено поправните домови не се соодветни за подобрување на состојбата на младите со девијатно однесување, процесот на ресоцијализација не е успешен, а на тоа влијаат критиките од средината. Тоа се дел од оценките изнесени денеска на презентацијата на научно-истражувачкиот извештај за заклучоците од проектот „Маргинализацијата и девијантноста на младите во судир со законот во воспитно-поправните и казнено-поправните домови“.

-Со самото тоа што младите извршуваат кривично дело се исклучуваат од заедницата, формираат свои криминални друштва каде стекнуваат некаква припадност, заедницата ги исклучува преку тие процеси на стигматизација и на крајот системот, односно казнено-правниот систем,  оцени проф. д-р Весна Стефановска, еден од авторите на научно-истражувачкиот извештај.

Авторите на извештајот спровеле теренско истражување со длабински интервјуа со 17 штитеници од домовите.

-Социјалното исклучување не е само причина за девијатното и криминалното однесување, туку тоа и продолжува во текот на криминалната кариера и последица. Во суштина самото изрекување на заводска мерка, на казна затвор на некој начин преставува исклучување. Дури и по излегување тие можат да се соочуваат со стигмата на социјално исклучени лица. Меѓутоа, маргинилизација и заборавеноста се чувствува и во воспитно-поправниот дом. Тие се повторно отфрлени од семејството и заборавен, наведе Стефановска.

Според неа, постои свест дека процесот на ресоцијализација не е успешен.

-Постои свест и од системот и од персоналот дека овие домови не се содветни место за нив, сепак се упатуваат тука и на крајот процесот на ресоцијализација е неуспешен. Овие домови никако не се соодветни или пак треба да има специјален институциски третман кон овие категории на деца, рече авторката Стефановска.

Проф.д-р  Саше Герасимоски, рецензент и промотор  на извештајот, рече дека суптилната и отворената фундирана критика на општеството во целина, односно на институциите и на средините на социјализација, факторите на социјализација примитивно потфрлуваат и се причина за тој синџир на овие понатамошни негативни настани што се случуваат со младите деца, односно маргинализацијата и девијантноста.

-Семејството, врсничките групи, училиштето кои наместо да бидат средини на заштита во коишто децата ќе добиваат топлина, разбирање, да се чувствуваат сигурни, тие напротив сите проблеми кои ги предизвикуваат понатака и со кои државата со истите мора да се справува всушност потекнуваат од несоодветното  вршење на социјализаторската функција на овие средини, рече Герасимоски.

Рецезентот проф.д-р Марија Ралева, смета дека во понатамошните апликативни цели овој извештај треба да биде земен во предвид во повеќе области кои се рефлектираат во него: право-законодавните, јавно-здравствените и социјалните политики и програми кои се изготвуваат за работа со млади со девијантно и антисоцијално однесување, нивен третман, рехабилитација и на превенција на ваквото однесување кога се работи за индицирана превенција со програми наменети за популација млади под ризик.

Авторите на истражувачкиот извештај препорачува овој проблем мора да се разгледа во поширок општествен и социјален контекст, а казненото право, односно системот за правда на деца да ја задржи и засили своијата социјална и хумана димензија. (МИА)

Коронавирус