Денеска во судот во Куманово беше изречена пресудата за обвинетиот Бобан Илиќ, кој се товари за тешки дела против безбедноста во сообраќајот, откако првичното дело беше преквалификувано од убиство во сообраќајка со смртни последици.
Судот во Куманово му изрече 6 години затворска казна на 30 годишниот Илиќ, кој со своето возило на 25 јуни 2016 година го усмрти четиригодишниот Алмир Алиу.
Илиќ првично беше обвинет за „Убиство со умисла“, но откако ОЈО достави две нови вештачења, следеше преквалификување на делото во „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ од страна на кумановскиот суд.
По ваквата одлука на судот, следеа бурни реакции јавноста, по што беа одржани и неколку протести во Скопје и Куманово.