вторник, 15. јуни 2021. Вести денес: 186
home Вести

Израелскиот премиер Натенјаху со благодарност до Македонија за поддршката во борбата против терористичката организација Хамас

Израелскиот премиер Натенјаху со благодарност до Македонија за поддршката во борбата против терористичката организација Хамас

Премиерот на Израел преку својот официјален Твитер им се заблагодари на 25-те држави меѓу кои се наоѓа и Македонија кои и дадоа поддршка на земјата и нејзиното право да се заштити од терор.

Имено премиерот на Израел Бенјамин Натенјаху им се заблагодари на државите кои ја поддржуваат неговата земја во борбата против теророт. Меѓу нив од Балканот се најдоа Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина и Словенија.

Инаку во петокот лидерот на ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук даде поддршка на израелската држава да си го брани своето население.

-Внимателно ја следиме состојбата во Израел, значајното зголемување на насилствата, вклучително и постојаниот напад од ракетен оган од појасот Газа кон Израел. Испалувањето на ракети од Газа насочени кон цивилното население на Израел е целосно неприфатливо и дополнително ги зголемува тензиите во регионот. Истовремено го издвојуваме правото на Израел за заштита и одбрана на своето население и територија од нападите на терористичката организација Хамас.

Апелираме кон политичките лидери во Израел и во регионот да продолжат со вложување на искрени напори за деескалација на судирите и одлучно да дејствуваат против екстремизмот кој создава сериозни безбедносни проблеми и го загрозува животот на цивилното население.

Изразуваме длабоко сочувство за секој изгубен живот и посакуваме што побрза деeскалација на состојбите, што би значело мирен и безбеден живот за сите граѓани во тој регион, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Исто така вчера и Министерството за надворешни работи со кое раководи Бујар Османи од редовите на ДУИ се придружи на официјален Брисел во осудата на неселективните напади на палестинскoто движење Хамас врз Израел.

Македонската дипломатија го реобјави твитот на челничката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во кој таа го осудува однесувањето на Хамас.

-Многу сум загрижена од ситуацијата во Израел и Газа. Јас ги осудувам неселективните напади на Хамас врз Израел. Цивилите од сите страни мора да бидат заштитени. Насилството мора да заврши сега”, пишува во пораката за јавноста што ја реобјави министерството што го води Османи.

ЕУРО 2020

Македонија