сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 67
home Вести

Изработена мапа на заболени од коронавирус во Скопје, еве во која скопска општина има најмногу заразени

Изработена мапа на заболени од коронавирус во Скопје, еве во која скопска општина има најмногу заразени

Институтот за јавно здравје по претходната најава што ја даде министерот за здравство Венко Филипче, изработи детален приказ на општините во Скопје од каде што се лицата кај кои е дијагностициран коронавирусот.

Од Карпош се 27 лица, од Гази Баба 20, од Кисела Вода 20, од Центар 20. Има 11 лица кои се од друг град но живеат во Скопје, 11 се од Ѓорче Петров, 8 од Аеродром, 7 од Сопиште, 4 од Бутел, 3 од Чаир, двајца од Илинден и еден странец, информира Институтот за јавно здравје.

Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 109 машки и 110 женски лица.

Коронавирус