вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

ИЗНЕМОШТЕН НА НОСИЛКА: Боки 13 со амбулантно возило изнесен од Обвинителството и однесен во ГОБ 8-ми септември (ВИДЕО)

ИЗНЕМОШТЕН НА НОСИЛКА: Боки 13 со амбулантно возило изнесен од Обвинителството и однесен во ГОБ 8-ми септември (ВИДЕО)

Бојан Јовановски попладнево на носилка беше изнесен и со возило на брза помош и полициска придружба замина од Обвинителството за гонење организран криминал и корупција.

Медицинската екипа пристигна во Обвинителството дваестина минути по доаѓањето на Јовановски кој како првоосомничен денеска требаше да дава исказ за „Рекет“, по извршениот увид на доказите.

Инаку Боки 13 во моментов е примен во ГОБ 8-ми септември каде е во присуство на големо полициско обезбедување.