петок, 28. јануари 2022. Вести денес: 127
home Вести

Измените на Изборниот законик пред пратениците

Измените на Изборниот законик пред пратениците

Собранието денеска ќе ја продолжи 53. седница на која на дневен ред се повеќе закони, но и измените на Изборниот законик, по скратена постапка.

Седницата треба да продолжи со Предлогот за разрешување на претседателот и членовите на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, што започна во четвртокот, завршната сметка на Буџетот за 2017, дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај, во второ читање и други.

На предлог на владејачкото мнозинство на седницата на дневен ред се и измените на Законот за заштита на потрошувачите, во второ читање, но и дополнет предлог на закон за изменување на Законот за пратениците, во второ читање, извештаи и други закони.

Коронавирус