недела, 13. јуни 2021. Вести денес: 57
home Вести

Нацев: Измените кои ги предлага опозицијата за Законот за АРМ се суштински и корисни

Нацев: Измените кои ги предлага опозицијата за Законот за АРМ се суштински и корисни

Последниве неколку дена сведоци сме на уште една драмолетка која се одвива во јавноста, а која се однесува на измените во Законот за служба во Армијата на Република Македонија. Имено, копјата се кршат околу тоа чии измени и дополни на постојниот Закон се подобри и би донеле повеќе бенефит за припадниците (сегашни, поранешни, но и идни) на АРМ, односно дали она што го предлага власта како измени и дополни е подобро, или она што го предлага ВМРО ДПМНЕ како контра предлог.

Затоа е важно на почеток да направиме едно разграничување на самиот почеток на ова писание, дека не се работи за никакво блокирање на Законот, како што веќе се истрча министерот за одбрана и одредени синдикати, туку се работи за два засебни предлози, кои во голем дел се слични (стипендирање, решавање на статус на ПфВ и слично), но сепак се и суштински различни. Според мене, а во неколку наврати имам веќе пишувано и зборувано на оваа тема, она што го нуди опозицијата, или Законот кој го предлага ВМРО ДПМНЕ, е посупериорниот од двете понуди. За да се избегне замката дека еве партиски навивам, ќе објаснам и зошто мислам така.

Прво, со предлогот на ВМРО ДПМНЕ се исправа една неправда, која при последното донесување на овој закон пред година дена им се нанесе на старешините, а тоа е ставот со кој право за пензија се стекнува со навршување на 40 години пензиски стаж и навршени 55 години возраст, при што треба кумулативно да бидат исполнети двата услови. Сега, со измените кои ги предлага опозицијата, таа неправда се исправа, и правото на пензија ќе може да се оствари или со навршување на 40 години пензиски стаж или со навршени 55 години возраст. Значи, наместо „и“ сега се употребува „или“, што за упатените и засегнатите е голема разлика. Има и останати бенефити кои се воведуваат во предлогот за измени и дополни околу пензионирањето, но ќе застанам овде.

Од друга страна, она што го предлага власта како измени и дополни, од авион се гледа дека е мотивирано од лична суета и желба за одмазда кон неистомислениците, што и јавно веќе проструи, и главниот акцент на измените е кон засилување на одредбите со кои се уредува политичкиот ангажман на воените лица. Да не заборавиме дека Уставот на РМ, дава можност на сите граѓани да учествуваат во процесите и тоа е нивно граѓанско право, па она што се нуди како предлог од опозицијата во однос на политичкиот ангажман на воените лица, а тоа е следнава одредба „Воениот и цивилниот персонал на служба во Армијата со членување во политичка партија и со учество во нејзините активности не смее да ја доведе во прашање професионалноста, непристрасноста и законитоста во вршењето на работите во Армијата или во Министерството“, е сосема доволна кога е во поглед професионалноста и интегритет на воените лица.

Како заклучок, сакам да истакнам дека во оваа битка на „двата Закони“, треба да се игра фер и да победи подобриот, а според мене тоа е законот кој решава суштински работи, а не козметички.

Да живее АРМ!

ВОЈНИЦИ И КОПЈА

Последниве неколку дена сведоци сме на уште една драмолетка која се одвива во јавноста, а која се…

Posted by Aleksandar Nacev on Wednesday, May 12, 2021

ЕУРО 2020

Македонија