четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 154
home Вести

Измени во законот за работни односи: Колку време ќе ви трае одморот и како може да добиете отказ?

Измени во законот за работни односи: Колку време ќе ви трае одморот и како може да добиете отказ?

Огласите за вработување, наместо пет, во иднина ќе траат само три дена, а пробната работа од шест ќе се намали на четири месеци. Новите измени на Законот за работни односи кои влегоа во собраниска процедура, ќе ги сменат и правилата за користење на годишниот одмор.

Доколку се усвојат во наредните недели, ова лето наместо 12 работни дена, рабониците ќе мора да користат годишен одмор од две непрекинати работни недели.

Работниците пред да добијат отказ, ќе имаат рок од 15 дена да се подобрат во работата, а за тоа писмено ќе бидат предупредени од своите работодавачи. Дали со ваквата измена работодавачите два пати ќе размислат преда да го поделат отказот?

„Ние ова го толкуваме дека ни дава можност да бидеме попрецизни во известувањето  на работникот, оти во следна фаза на работен спор со погрешна процедура, работодавачот може да го игуби аспорот и да го врати работникот.“ – изјави Миле Бошкоски, Конфедерација на работодавачи.

Доколку работникот биде прогласен за технолошки вишок, работодавачот не смее две години да вработи нов на тоа место, а доколку има потреба од работник избрканиот да има предност пред останатите. Од Министерството за труд велат дека сегашната регулатива остава простор за манипулација, па работниците се прогласуваат за технолшки вишок, а веќе следниот ден на нивно место се вработува нов.

 

Коронавирус