сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 11
home Вести

Изложба „Записи од АСНОМ“ по повод 11 Октомври

Изложба „Записи од АСНОМ“ по повод 11 Октомври

Изложбата „Записи од АСНОМ“ денеска ќе биде поставена во Музејот на Република Македонија по повод 11 Oктомври – Денот на народното востание.

На изложбата „Записи од АСНОМ“ се поставени фотографии, документи и повеќе оригинални предемти, поврзани со овој значаен настан од нашата историја. Покрај тоа, посетителите ќе имаат можност да погледаат и голем број оригинални карикатури на истакнати партизански борци создадени од Василије Поповиќ – Цицо, како и неколку уметнички дела на Родољуб Анастасов, Радмило Поповски и Томо Владимирски, со тематика од НОБ.

Автор на изложбата е Боро Бунтески, виш-кустос во Одделението за историја, координатор на проектот е Илија Цурев, раководител на Одделението за историја.

Изложбата ќе биде отворена за посети од 13 октомври 2020 година и ќе биде поставена до февруари 2021 година.

Коронавирус