вторник, 11. август 2020. Вести денес: 64
home Вести

Излезност до 13 часот: 24,03 проценти во Македонија – Ова е излезноста по изборни единици

Излезност до 13 часот: 24,03 проценти во Македонија – Ова е излезноста по изборни единици

Државната изборна комисија објави на својата страна дека излезноста на избирачките места до 13 часот е 24,03 проценти. Досега своето право на глас го оствариле 436,034 граѓани кои гласале на предвремените парламентарни избори, а податоците се однесуваат за 3,371 избирачки места.

По изборни единици податоците до 11 часот се следни:

ИЕ 1 – излезност од 27,23 проценти

Најголема излезност има во Македонски Брод 35,04 проценти, општина Аеродром 30,15 и Кисела Вода 29,24 пропценти, додека најниска излезност има во Студеничани од 15,19 проценти

ИЕ 2 – излезност од 22,08 %

општина Ѓорче Петров најголема излезност со 29,01 проценти, додека најниска излезност има во Липково од 15,66 проценти

ИЕ 3 – излезност 29,57 %

општините Крива Паланка 43,31 %, над 20 проценти е речиси со сите останати општини во рамки на оваа изборна единица.

ИЕ 4 – излезност од 28,18 %

општина Новаци најголема излезност со 42,4 проценти. Неготино, Демир Капија, Гевгелија, Кавадарци и Прилеп имаат излезност од над 30 проценти

ИЕ 5 – излезност од 23,69 %

општина Крушево најголема излезност со 37,84 проценти, додека најниска излезност има во Центар Жупа од 5,59 проценти

ИЕ 6 – излезност од 16,34 %

општина Тетово најголема излезност со 20,18 проценти.

Коронавирус