сабота, 15. август 2020. Вести денес: 0
home Вести

Излекуван пациент кај кого Ковид-19 предизвикал воспаление на мозокот

Излекуван пациент кај кого Ковид-19 предизвикал воспаление на мозокот

Во градската болницата „8-ми Септември“ е излекуван пациент кај кого Ковид-19 предизвикал воспаление на мозокот. Ова е 6 ти познат случај во светот каде Ковид-19 предизвикал ваква клиничка слика, велат докторите кои му го спасиле животот на младиот човек, овјави ТЕЛМА.

-Со брза помош и со количка,  20-годишен пациент позитивен на Kовид-19 пред околу две недели бил донесен од Клиниката за неврологија во ГОБ „8-ми Септември“ со симптоми налик на мозочен удар. Докторите ги направиле сите испитувања и откриле дека всушност станува збор за воспаление на мозокот енцефалит. Од респираторниот тракт, вирусот Ковид-19 преку крвта успеал да стигне и да го нападне мозокот, предизвикувајки сериозна клинчичка слика, објаснува д-р Илија Здравков.

Докторите, сестрите и медицнскиот персонал се среќни што денеска го испратиле дома оздравен и  со насмевки.

Целиот прилог погледнете го на ТЕЛМА

Коронавирус