недела, 20. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

Излегува ли Катица од затвор? Адвокатката на Јанева најавува барање за укинување на притворот

Излегува ли Катица од затвор? Адвокатката на Јанева најавува барање за укинување на притворот

Адвокатката на разрешената специјална јавна обвинителка Катица Јанева, најавува дека ќе поднесат  барање за укинување на мерката притвор, а за гаранција ќе биде понуден нејзиниот имот.

-Не ми е познат основот по кој е донесена одлуката на Советот на јавни обвинители за разрешување на Катица Јанева како и денешната одлука да нема можност да се врати на старото работно место во обвинителството во Гевгелија, вели за ТВ21 Ирена Фрчкоска, која додава дека и одлуката од саботата и денешната на Советот на јавни обвинители не ги добиле.

Најави дека во текот на утрешниот ден ќе го достават барањето за укинување на мерката притвор.

На Јанева и е одреден 30-дневен притвор кој истекува деновиве.