вторник, 1. декември 2020. Вести денес: 2
home Вести

Изјавата на Димитриевски потврда дека Владата не е способна да се справи со ситуацијата на државно и локално ниво

Изјавата на Димитриевски потврда дека Владата не е способна да се справи со ситуацијата на државно и локално ниво

Изјавата на градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски е само потврда на неспособноста на СДСМ на државно и на локално ниво, сметаат познавачите на вонредните и кризни состојби.

Универзитетскиот професор Оливер Андонов смета дека ваквата изјава на Димитриевски може да се подели на две нивоа.

Според него првото ниво е нивната внатрепартиска состојба и оваа ситуација како се справуваат, а нивниот внатрешен судир се рефлектира врз здравјето на граѓаните, а тоа е неспособноста на државата навреме да реагира.

-Дојдовме во состојба кога Владата не знае како да реагира при вакви загрозувања од здравствен аспект. Може да кажеме само дека Димитриевски излезе искрено погоден самиот од себе, односно од тоа што Владата не го превзема кон граѓаните и сака да ја тргне вината за она што се случува во Куманово од себе. Локалната самоуправа не е способна кризи од вакви големи размери да ги менаџери, нормално е да бара помош, но не е нормално владата да нема план за активности односно справување, вели Андонов во изјава за Курир.

Професорот вели дека секоја криза има превентивен пристап, подготовка за кризата, спасување со истата и последиците потоа.

-Во овој случај можеме да видиме дека владата нема воопшто претстава, ниту е подготвена за моменталното справување, ниту може да се надеваме дека има план потоа за излез од последиците кои ќе се јават. Генералниот заклучок е дека СДС не е способна во ниеден случај, ни на државно ниту на локално ниво да реагира и да се справи со било каква криза. Ова е само искрено признание на неспособноста на СДСМ на државно и локално ниво. Спасовски не е способен да се справи со кризата, има вонредна состојба и ги има сите механизми во рацете, но не ги користи, дециден е професорот Андонов.

Андонов нагласува дека клучен момент е што Владата не постапува согласно Законот за управување со кризи, во однос на стручноста.

Градоначалникот на Куманово, Димитриевски вчера во изјава за Топ Тема на ТВ Телма истакна дека се чувствува како да се оставени сами на себе.

-Едно е она што се случува горе во кабинетите, друго е на терен, изјави Димитриевски.

Коронавирус