петок, 15. октомври 2021. Вести денес: 155
Во живо

Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Лозово

home Вести

„Изградбата на новата фабрика на американска компанија во Бунарџик 2 е уште една потврда за ефективните економски политики кои ги реализираше ВМРО-ДПМНЕ“

„Изградбата на новата фабрика на американска компанија во Бунарџик 2 е уште една потврда за ефективните економски политики кои ги реализираше ВМРО-ДПМНЕ“

Отпочнувањето на изградбата на новата фабрика на американската компанија „Дура аутомотив системс” во економската зона „Бунарџик 2“ е само уште една потврда за ефективните економски политики кои ги реализираше ВМРО-ДПМНЕ во својот мандат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Благодарение на создавањето на одличните услови од страна на економскиот тим на ВМРО-ДПМНЕ првичните контакти на економскиот тим со американската компанија се остварени уште пред повеќе од 5 години. Врз база на претходно извршени анализи побарани се и доставени податоци и поволности до американската компанија за инвестирање во Република Македонија и во континуитет се одржуваше контакти и соработка изминативе години, стои во партиското соопштение и се додава:

„ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш покажа и докажа дека економската политика на странски инвестиции што ја промовираше насекаде во светот се покажа и повеќе од успешна, а резултат на тоа се десетици странски инвестиции и над 170.000 нови работни места во изминативе 12 години. На американската компанија „Дура аутомотив системс” им посакуваме успешна работа и поголеми инвестиции во иднина“.

Коронавирус