четврток, 22. април 2021. Вести денес: 109
home Вести

Изградбата на мостот на реката Турија меѓу селата Просениково и Сарај е во завршна фаза

Изградбата на мостот на реката Турија меѓу селата Просениково и Сарај е во завршна фаза

Изградбата на мостот на реката Турија меѓу селата Просениково и Сарај е во завршна фаза и наскоро се очекува да биде предаден во употреба.

Новиот мост е изграден по највисоки стандарди со должина од околу 25 метри и вкупна ширина од 8 метри, односно 6 метри за две коловозни ленти и по еден метар од двете страни со тротоар за пешаци.

-Покрај изградбата на мостот, во овој проект беше опфатена и реконструкција на постоечката патна инфраструктура на овој локален пат во должина од околу 200 метри, односно по околу 100 метри од двете страни на мостот и регулирање на пристапните патишта кои приоѓаат кон овој локален пат, истакна градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски при денешниот увид во завршните работи.

Вкупната вредност на овој проект е околу 16 милиони денари и е финансиран од заеднички средства на општина Струмица и средства обезбедени преку Центарот за развој на Југоисточниот плански регион од Бирото за регионален развој, од каде се обезбедени 10, а остаокот од околу 6 милиони денари ги обезбеди Општина Струмица. (МИА)

Коронавирус