петок, 18. септември 2020. Вести денес: 166
home Вести

Изготвен протокол за отворање на градинките: Еве кои дечиња ќе бидат приоритет за згрижување

Изготвен протокол за отворање на градинките: Еве кои дечиња ќе бидат приоритет за згрижување

Министерството за труд и социјална политика информира дека на денешниот состанок со Комисијата за заразни болести и претставници на Министерството за здравство беше одлучено да се направи ажурирање на податоците за бројот на деца за кои родителите се изјасниле дека ќе посетуваат градинка.

Согласно донесениот Протокол, приоритет за згрижување има дете на самохран  родител којшто е во работен однос и дете на двајца родители кои се во работен однос, а работните задачи мора да ги извршуваат на работното место. Информацијата ќе биде изработена врз основа на податоците од сите градинки, јавни и приватни, соодветно на доставените потврди од родителите.

Министерство за труд и социјална политика во соработка со Комисијата за заразни болести има изработено Протокол- оперативен план за активности во установите за згрижување и воспитание на деца по укинување на вонредната состојба, усвоен од Владата на Република  Македонија на 29.05.2020 година и истиот беше испратен до Јавните и приватните установи за деца – детските градинки за нивно постапување. Протоколот е објавен во „Службен весник“.

Претставниците на Министерството за труд и социјална политика појаснија дека Протоколот е прифатен од страна на сите градинки и истите ги прилагодуваат групите согласно насоките. Министерството за труд и социјална политика нема добиено насоки за измена на Протоколот.

Коронавирус