четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 141
home Вести

Изгласан законот за промени во оданочување на моторните возила

Изгласан законот за промени во оданочување на моторните возила

Собранието попладнево го изгласа Законот за данок на моторни возила со кој се предвидува промена во системот на оданочување на моторните возила.

Покрај вредносната компонента при оданочување на моторните возила данокот ќе се пресметува и врз основа на еколошката компонента која ќе произлезе од износот на просечната емисија на јаглерод диоксид – CO2 изразена во грамови по километар.

Според Владата, тоа ќе придонесе за користење на моторни возила со пониска емисија на CO2, ќе се стимулира увозот на нови и еколошки возила што понатаму ќе овозможи намалување на загадувањето на воздухот односно создавање на здрава животна средина за сите граѓани во држвата. Истовремено ќе придонесе и кон обновување на возниот парк.

Се очекува дека одредбите на Закон за данок на моторни возила ќе предизвикаат позитивни фискални импликации врз Буџетот наРСМ имајќи предвид дека предметот на оданочување нема да се однесува само на патничките автомобили туку опфатот се проширува и ќе се однесува на моторните возила. Дополнително, се воведува и нова компонента на оданочување, односно покрај вредноста данокот на моторните возила ќе се пресметува и врз основа на просечната емисија на јаглерод диоксид – СО2 , така што нема да може однапред да се предвиди колку ќе изнесуваат фискалните имликации.

На продолжение на 123. седница на Собранието беа донесени и законите за задолжување на државата со заем кај Кредитната банка за обнова – КфВ по Договорот за заем за финансирање на Проектот за енергетски ефикасна рехабилитација на студентските домови, со заем кај Кредитната банка за обнова – КфВ по Договорот за заем за финансирање на Програмата за наводнување, како и Законот за изменување и дополнување на Законот за концесии и јавно приватно партнерство, сите по скратена постапка.

Претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина седницата и најави дека пратениците за нејзиното продолжение дополнително ќе бидат известени.

Работата на пратениците продолжи со расправа за Дополнетиот предлог на буџет на Република Северна Македонија за 2020 година, во рамки на 125. седница. Пратениците втор ден распрваат за буџетската каса за следната година на дневен ред на седницата е и Предлог законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година, по скратена постапка.

Коронавирус