четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 180
home Вести

Изгласан Законот за јазиците, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваа на собраниската седницата

Законот беше дел од Тиранска платформа која албанските партии и премиерот на Албанија, Еди Рама, ја договорија на средбата во албанската престолнина.
Изгласан Законот за јазиците, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваа на собраниската седницата

Собранието на денешната седница го изгласа Законот за јазиците. Законот доби 66 гласа ЗА, ниту еден од пратениците присутни во Собранието не гласаа против или воздражано. На седницата не присуствуваа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Законот за јазиците беше жешка тема во периодот пред за време и по изборите.

Законот беше дел од Тиранска платформа која албанските партии и премиерот на Албанија, Еди Рама, ја договорија на средбата во албанската престолнина.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваа на седницата.

Законот сега треба да оди на потпис кај Претседателот Иванов. Доколку тој не го потпише, а има такви најави, тој повторно се враќа во Собранието. По повторното изгласување, Претседателот мора да го стави својот потпис.

Најнови вести

Локални избори 2021