петок, 24. јуни 2022. Вести денес: 169
home Вести

Изгласан дневниот ред на 71. седница на Собранието, продолжение утре напладне

Изгласан дневниот ред на 71. седница на Собранието, продолжение утре напладне

Со 61 глас „за“, 39 „против“ и без „воздржани“ Собранието вечерва го усвои дневниот ред на 71. седница, постапка што почна од вчера од кога и стартуваше активната блокада на пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Гласањето за дневниот ред се одвиваше во тензична атмосфера, а процедурата ја оспорија пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои во тек на објавата за гласање се собраа околу претседателот на Собранието Талат Џафери истакнувајќи транспаренти.

Дневниот ред, како што рече Џафери, е усвоен со измени и дополнувања.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, регираше на начинот на кој Џафери ја води седницата и на процедурите и обвини дека се гласало за дневниот ред без да биде прочитан и поделен.

Откако Џафери ја стартуваше седницата и не беа отворени дебати за првите точки од дневниот ред поради отсуство на претставници на предлагачите, на предлог на Џафери беше изгласано да се работи по точка 13  – Предлог-закон за изменување на Законот за финансиските друштва. По реакциите и барањата да се достави изменетиот дневен ред седницата беше прекината, а нејзино продолжение Џафери најави за утре напладне. (МИА)

Коронавирус