недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 53
home Вести

Изгаснат пожарот кај велешко Караслари

Изгаснат пожарот кај велешко Караслари

Пожарот со кој беше зафатена борова шума во близина на велешкото село Караслари денеска напладне е изгаснат. Во гаснењето учествуваа пожарникари од Велес, вработени од шумското стопанство „Бабуна“ и од Шумската подружница од Свети Николе, а беа вклучени и два авиони „канадер“ на  Дирекцијата за заштита и спасување.

Командирот од Противпожарната бригада во Велес, Љупчо Лепидовски за МИА изјави дека со пожарот биле зафатени околу 40 хетари квалитетна борова шума.

-Поради опасноста повторно да избувне, нашата Противпожарна единица се уште е на терен, а тука со нас е и екипа од ШС „Бабуна“. Тие ќе останат на терен поради контрола на опожарениот терен, рече  Липидовски.

Покрај овој пожар, синоќа околу 17:30 часот бил изгаснат и пожарот кај селото Крива Круша каде горела нискостеблеста дабова шума на површина од околу два хектара.

Коронавирус