понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 122
home Вести

Изет Меџити нов претседател на огранокот на ДУИ во Чаир

Изет Меџити нов претседател на огранокот на ДУИ во Чаир

Изет Меџити е новиот претседател на огранокот на ДУИ во Чаир. Меџити, кој беше единствениот кандидат номиниран за претседател на овој огранок, доби едногласна поддршка од околу 60 членови на Изборното собрание на Демократската унија за интеграција во Чаир.

– Од понеделник ќе бидеме на терен, на состаноци со граѓаните за да ја создадеме новата програма на ДУИ за подобри услови за граѓаните, рече новоизбраниот претседател на огранокот на ДУИ Изет Меџити.

Присутен на Изборното собрание беше и претседателот на ДУИ Али Ахмети.

Коронавирус