среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 195
home Вести

„Изброј до 15 пред да ја заколеш жена ти“ – совет во учебник за шестооделенците во Македонија

„Изброј до 15 пред да ја заколеш жена ти“ – совет во учебник за шестооделенците во Македонија

„Изброј до 15 пред да ја заколеш жена ти“ – ова е совет во учебник по македонски за шесто одделение, пренесува порталот Макфакс.

Во текст насловен „Три добри совети“ пишува:

„По некое време селанецот се скарал со жена си и дигнал секира да ја заколе, но веднаш се сетил на советот: Кога ќе се налутиш, изброј до петнаесет, па после да го извршиш тоа што си намислил“.

Ова е извадок од текст во учебникот кој е пренесен како народна приказна во која се раскажува како еден селанец со три алтани купил три совети.

„При анализа на текстот, го прашав детето што научи од овој текст, одговорот беше очекуван: ‘ако те изнервира жена ти, изброј до петнаесет пред да ја заколеш’“, вели мајка на ученик додека му помагала во домашната задача.

Учебникот по македонски јазик за шесто одделение е потпишан од Снежана Велкова и Соња Јовановска и е одобрен во 2011 година, а продолжен со одлука на Министерството за образование за 2020 година. Рецезенти се Гоце Цветановски, Татјана Пеливанова и Наташа Киркова, сите потпишани како професори, пренесе Макфакс.

Најнови вести

Коронавирус