понеделник, 3. август 2020. Вести денес: 52
home Вести

Изборниот ден неработен за сите граѓани

Изборниот ден неработен за сите граѓани

Поради одржување на предвремени парламентарни избори, денешниот ден е наеработен за сите граѓани во Република Македонија и нема да се одработува.

Според одлуката на Владата, оние институции, компании, фирми и организации кои ќе одлучат да работат денеска треба да пријават работа на неработен ден до Државниот инспекторат за труд.

– Според Законот за работни односи и Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството, работодавачот на работникот е должен да му исплати надоместок и додаток на плата за работа на празници и неработни денови утврдени со закон или друг пропис, појаснуваат од Владата.

Коронавирус