вторник, 25. септември 2018. Вести денес: 150
home Вести

Изборна матрица на Заев и СДСМ: Поткуп и закани

Изборна матрица на Заев и СДСМ: Поткуп и закани

Година и пол ни требаше како држава да го видиме концептот на СДСМ и Заев, базиран на поткуп, закани и уцени. Изборите како парламентарните, така локалните, но и сега пред референдумскиот период поминуваат во знакот на уцените, заканите и поткупот, коментираат граѓаните.

Граѓаните останаа во шок кога завчера го слушаа премиерот Заев како отворено од партиски собир во Крива Паланка како им порачува на бизнисмените да купуваат гласови. Тој нагласува дека сега сите бизнисмени, треба да го одврзат ќесето и да дадат плата плус на вработените за да гласаат на референдумот. Ова е класичен поткуп на гласачи и истото претставува кривично дело.

-Еве денес и приватните компании се разбудени. Слушнав денеска во Владата се видовме со инвеститорот на „Минстрој“, вели „Испратив порака до работниците, да излезат сите и да гласаат на реферндумот. Тоа е добро за Македонија, за Крива Паланка, но и за мојата компанија затоа што се оствараат перспективи“. И не само тоа, вети дека ќе даде и некоја награда плус на работниците од тоа што верува дека блеска Македонија во моментот, но и неговите инвестиции во оваа Македонија. Имаме директори на компании во Македонија, Македонци кои велат „ќе дадеме уште една екстра плата затоа што и за мојата фирма се отвора перспективата“. Јас апелирам до сите бизнисмени ајде, почастете ги малку работниците. Сега ова е важно и за компаниите и за граѓаните и за државата. Ако некој има, газдите имаат, бизнисмените имаат можат малку да отворат ќесето повеќе, изјави Заев во Крива Паланка.

Со ова своја изјава, премиерот признава дека директно извршил кривично дело – Поткупот при избори и гласање, казниво согласно чл. 162 од КЗ, со казна затвор од најмалку 5 години.

Истиот рецепт на локалните избори го видовме во Кисела Вода, кога таткото на актуелнито градоначалник од редовите на СДСМ, Зоре Темелковски, Филип Темелковски во аудио изјава се слуша како истиот вели дека се заканувал со откази на 1100 вработени во администрацијата кои нема да гласаат за СДСМ.

-Сега е сменето нема што администрацијата, кај нас сега имаш 48.000 на кои им поминува договорот во ноември. Од Драчево ние направивме сега селекција имаме 1100, тие може утре да им дадеме отказ пошо се на договор, тие семејства сега молат, те преку овој, те преку оној, сега веќе е друго, ти си власт, разбираш не е исто, ова го кажува Зоре Темелковски таткото на Филип Темелковски кој е градоначалник на Кисела Вода од СДСМ.

За време на парламентарните избори сличен случај со поткуп имаше и во Куманово, каде одредени НВО организации дела дрва, во посредство на полицијата, тогаш се најави истрага, но исход од истрагата се уште нема.

СДСМ преку свои НВО поткупува гласачи во Куманово со делење дрва, пишуваше тогаш Курир. Во борба за глас повеќе, на точно една недела пред гласањето се поткупуваат гласачи Роми од Куманово, кои велат дека СДСМ стои зад акцијата, а невладината организација се користи само како параван зад кој се крие обидот да се придобијат нивните гласови.

Информациите од МВР потврдија тогаш дека во склад за дрва во Куманово на ромски семејства им се делат дрва за огрев. Лицата од невладината организација кои се претставиле како хуманитарно здружение „Романо Пралипе“ тврделе дека за акцијата која ја спроведувале во моментот имале проект за што бил запознаен и кумановскиот градоначалник Зоран Дамјановски.

Проектот кој требало да го спроведе невладината организација, а кој всушност е купување на гласови, предвидувало делење на 300 кубни метри дрво на 150 ромски семејства.

Најголемиот скандал се случуваше во ромски маала. Сите маала во кои живеат граѓани од ромската етничка заедница, во сите градови во државата без исклучок, во текот на изборната кампања беа буквално окупирани од страна на доверливи полицајци под директна контрола на лица од најблиското опкружување на Оливер Спасовски, кажаа извори од МВР за КУРИР тогаш.

Имено уште за изборите во 2016 година во Струмица беше фатен 52 годишен струмичанец, како кружи низ градот со избирачки список и точни адреси на припадниците на ромската заедница, по што истиот беше привден, но до ден денес не се знае како заврши истрагата.