четврток, 6. август 2020. Вести денес: 7
home Вести

Изборите ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи

Изборите ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи

Предвремените парламентарни избори во Македонија ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи.

Според роковникот на ДИК, денеска е последен ден до кога домашните и меѓународните набљудувачи можат да се пријавата за мониторинг на изборите.

Досега се акредитирани вкупно 2.148 набљудувачи, од кои 2.018 домашни и 130 странски.

Од домашните најбројни се на НВО МОСТ 905, на АКСИОС 2017 – 797, Цивил – Центар за слобода ќе има 278 и Националниот ромски центар – Куманово 38.

Меѓу акредитираните меѓународни набљудувачи, според информациите објавени на веб страницата на ДИК, 47 се од ОБСЕ/ОДИХР, Амбасадата на САД ќе има 40, ИФЕС четворица, Француската амбасада 13, Амбасадата на Унгарија 10, на Албанија 4, на Австрија и на Швајцарија по 3, на Бугарија и на Црна Гора по 2 и амбасадите на Холандија и на Канада по еден набљудувач.

За известување од изборите досега се акредитирани и десеттина странски новинари.

Коронавирус