сабота, 4. јули 2020. Вести денес: 32
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Вести

ИВЗ го доби новиот поглавар

ИВЗ го доби новиот поглавар

Новиот поглавар на Исламската верска заедница Реис Ул Улема Шакир Фетаи стапи на функција. Тој од денеска е прв човек на ИВЗ, а го наследува Сулејман Реџепи кој речиси 30 години беше исламски верски поглавар во Македонија.

Фетаи истакна дека ИВЗ одиграла важна улога во образувањето на младата генерација, што е важно за обезбедувањето на мирот и стабилноста.

Претходниот поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи вчера се огласи во јавност со соопштение, во кое се повлекува од фукцијата и вели дека е подготвен да одговара пред Бога и пред законот, ако некој смета дека направил пропусти.

Реџепи во писмото пишува дека врз него изминативе денови се водела жестока и навредлива кампања, на која тој не реагирал, затоа што сметал дека секој имал право да го каже своето мислење и став.

Парламентарни избори 2020