недела, 27. септември 2020. Вести денес: 108
home Вести

Ивор Мицковски за своите од СДСМ: Луѓето од новата власт се гладни за позиции, исти луѓе се товарат со 2 – 3 позиции

Ивор Мицковски за своите од СДСМ: Луѓето од новата власт се гладни за позиции, исти луѓе се товарат со 2 – 3 позиции

(ФБ статус на Ивор Мицковски)

Толку се кутри со луѓе, новава демократска власт, или толку гладни за позиции, што товарат едни исти луѓе со 2-3 позиции, при очигледна некомпетентост ниту за една.  Па дајте бре расчистете со ваквите пракси.

Претходно, поранешниот шеф на Центарот за комуникации на СДСМ вели дека градоначалникот на Скопје наместо да се фател за работа уште пред изборите, тој ги лажел граѓаните дека има изготвено стратегија за загадувањето, за да сега лагата излезе на виделина.

-Кога зборевме за време на кампања, не продавајте само ветувања, победата ви е загарантирана, фатете се со сериозна стратегија, сега лагата излага на виделина.  Градоначалникот тек допрва ќе правел стратегија за загадувањето, а збореше пред два месеци дека ја има подготвена.  Е токму тој е односот што не вади од кожа, оваа несериозност, дилетантство, овие импровизациии и просто кажано, ова мафтање и лажење, стои во Фб статусот на Мицковски.

Овој Фб статус на Мицковски го поддржуваат и новинарите Огнен Јаневски и Ирена Ристиќ кој се гласни поддржувачи на СДСМ и нивната политика.

Инаку освен за загаденоста поранешниот шеф на Центарот за комуникации на СДСМ овие денови го критикува и СДСМ и поради тоа што Македонија нема министер за здравство и скандалот со инсулинот кој го примале дијабетичарите а бил неквалитетен, за новиот буџет за 2018 година, задолжувањето, како и за сечењето на дрвата во Чаир и загадениот воздух.

Софија Куновска жестоко против Шекеринска: Дали јавното обвинителство ќе покрене постапка против министерката за тендерот без лиценца за мазут?

Поранешната пратеничка на СДСМ Софија Куновска му честита на СЈО за откривањето дека поранешен министер за земјоделство дава пари на продуцент без лиценца, додека Јавното обвинителство премолчува доделување на тендер од страна на актуелна министерка на фирма без лиценца за мазут.

-Честитки за СЈО!

Открива дека поранешнен министер за земјоделство дава пари на продуцент БЕЗ ЛИЦЕНЦА и покренува постапка.

Прашање за ЈО:
Актуелна министерка доделува тендер на фирма БЕЗ ЛИЦЕНЦА за мазут, и?

Законите биле за поправка. “Ма јели могуче?!?!?“, стои во нејзиниот најнов пост на ФБ.

Инаку поранешната пратеничка на СДСМ Куновска исто така на својот ФБ профил обвини дека Радмила Шекеринска и Зоран Заев го киднапирале статутот на партијата.

Коронавирус