четврток, 29. септември 2022. Вести денес: 0
home Вести

Ивор Мицковски: Разрешувањето на Донев е селективен популистички чекор  – Рашковски и Тунтев никој не ги чепка

Ивор Мицковски: Разрешувањето на Донев е селективен популистички чекор  – Рашковски и Тунтев никој не ги чепка

Селективниот и популистички пристап на власта е очевиден. Се разрешува Донев, додека никој не ги чепка Драги Рашковски и Томислав Тунтев. По разрешувањето на Александар Донев, директор на Агенцијата за туризам од неговата функција, со коментар  на социјалните мрежи излезе бившиот шеф на Центарот за комуникации на СДСМ, Ивор Мицковски кој го оцени овој чекор како  популистички и селективен пристап.

Револтот на  Мицковски доаѓа од фактот што Драги Рашковски беше предмет на повеќе прозивки од страна на медиумите. Рашковски беше тапет на јавноста за назначувањето на неговиот кум, адвокатот Костиќ за адвокат на владата, кој беше овластен од страна на владата да учествува при уменување и разрешување на членови на УО и НО и тоа за дневници и до 25.000 денари.

Рашковски потворно се најде на удар не медиумите откако се назначи за владин претставник во Телеком, каде паушал од седница изнесува 500 евра, а истиот го следуваат  и службено возило и телефон.

Тунтев, беше прозиван од јавноста за високите патни трошоци кои ги земал како пратеник, за потоа кога се соочи со притисок од граѓаните, особено оние кои му коментирале на неговиот фејсбук профил да почне да ги бриша од листата на пријатели само затоа што се заинтересирале како нивниот избраник ги троши нивните пари.

Коронавирус