понеделник, 21. октомври 2019. Вести денес: 19
home Вести

Ивор Мицковски: Култура, позор, крах…, 660 илјади денари за шефот на кабинет на државниот секретар во министерството за култура

Ивор Мицковски: Култура, позор, крах…, 660 илјади денари за шефот на кабинет на државниот секретар во министерството за култура

Не стивнуваат реакциите во јавноста во однос на распределбата на средства за проекти од министерството за култура. Ивор Мицковски екс директорот во центарот за комуникации на СДСМ обелодени уште еден скандал. Според Мицковски неверојатна сума од 660 илјади денари му била доделена на шефот на кабинет на државниот секретар во министерството за култура. Станува збор за Арлинд Хисеини по професија каратист шеф на кабинет на државниот секретар во министерството за култура Владимир Азири. Ова не е единствен случај на претпоставка за корупција при доделувањето на пари од министерството за култура.

Имено уметникот Тони Васиќ, историчарката на уметност Ивана Васева и драматургот и новинар Сашо Кокаланов се меѓу лицата чии проекти ќе добијат пари од државата, а самите беа членови на комисиите кои одлучуваа за проектите во Годишната програма на Министерството за култура.

Мицковски на својот твитер профил вели: ,,Култура, позор, крах… Продолжувам со бламот. Ова се државниот секретар во Мин за Култура, Валмир Азири, (со брадичката), и неговиот шеф на кабинер Арлинд Хисени, инаку каратист по професија. Е па вториот добил 660 илјади денари на конкрусот.’’