сабота, 22. февруари 2020. Вести денес: 45
Во живо

Прес-конференција на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

home Вести

Ивор Мицкоски за Струмица на Заев: Какви лажови, каква превара, вие сте дамбетер од воени профитери

Ивор Мицкоски за Струмица на Заев: Какви лажови, каква превара, вие сте дамбетер од воени профитери

Долгогодишниот шеф на Центарот за комуникации на СДСМ Ивор Мицкоски во својата најнова објава на својот Фејсбук профил објавува дека премиерот Заев не се грижи за својот град Струмица.

– После Струмица бил еден од најзагадените градови.  Па премиер што не се грижи за својот град, а бил градоначалник 3 мандати, и ова го дозволил со години, како може да се грижи за било што друго.  Какви лажови, каква превара.  Вие сте дамбетер од ратни профитери, стои во неговиот статус на Фејсбук.

Мицкоски: Навидум гасифицираната Струмица, преку која правеа криминал, е најзагадениот град вечерва

Во својот говор на вчерашниот протестен марш одржан во Скопје, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ги повторни шесте барања на партијата, меѓу кое и она за гасификација на Република Македонија.

-Веднаш рестартирање безусловно на проектот за целосна гасификација на Македонија. Затоа што вечерва твојата навидум гасифицирана Струмица, преку којашто правевте криминал додека управувате со општината е најзагадениот град во Република Македонија. Ниту има гасификација, ниту пак ќе има затоа што гасот го купувавте од твојот советник за енергетика и ортак во бизнисот, истакна Мицкоски.